Нехумани услови, штетни продукти: Мрачни тајни за компанијата на Кајли Џенер
- Детали
- среда, 02 септември 2020
Кајли Џенер дефинитивно се прослави со нејзините усни, кои станаа толку популарни, што ѝ овозможија да отвори милионски бизнис за козметика.
Сетот за усни од нејзината фирма, но и разните сенки и кармини ги користат жените ширум целиот свет, но многумина не се свесни за ужасните услови во кои се произведуваат.
Погледнете кои се мрачните тајни за компанијата на Кајли што таа се обидува да ги скрие:
Шминката им предизвикува проблеми на вработените
Кајли изгледа навистина среќна на фотографиите од нејзината посета на фабриката, но ова не важи и за вработените.
„Работиме долги смени … ни даваат само работнички мантил, мрежа за коса и безбедносни очила. Сакам што имам можност да правам шминка, но лошата страна е тоа што честичките од продуктите ме тераат да кашлам“, изјавил анонимен вработен.
Фабриката е валкана
Друг вработен тврди дека фабриката е многу валкана. Веројатно ова е една од причините што вработените често се разболуваат.
Минимална плата
Кајли е речиси милијардерка благодарение на оваа фабрика, но нејзините вработени добивале минимална плата.
„Платата е многу мала за тоа што треба да го сработиме и немаме никакви бенефиции“, вели еден вработен.
Всушност, на повеќето вработени не им пречело кашлањето, туку ниската плата. Наводно, минималната плата во САД е околу 7 долари на час, но во некои фирми, веројатно и онаа на Кајли, работниците заработувале по едвај 3 долари на час. За американски стандарди, ова е навистина малку.
Луѓето ја споредуваат фабриката со ужасните услови во Кина
Уште пред Кајли да ја отвори фирмата, Кардашијанс добиваа критики бидејќи за нивните продукти користеле кинески фабрики, каде што условите се ужасни. Неретко, овие работници се споредуваат и со робови. Сега, пак, многу луѓе велат дека условите кај Кајли се исти како во кинеските фабрики.
Немаат простор за движење
Според еден вработен, во фабриката на Кајли има премногу луѓе, во премал простор.
Веројатно Кајли не сака да троши на поголем простор за вработените, и покрај тоа што има милиони.
Крадење идеи
Изгледа дека Кајли често позајмува идеи од други брендови и луѓе. Ова одлично се гледа на фотографиите во продолжение. Фотографијата лево е од мејкап артистката Влада Хагерти и е објавена долго пред десната фотографија на Кајли. Нормално, Хагерти се огласила за ова, велејќи:
„Навистина, Кајли? Зарем не доби доволно ’инспирација‘ од мене?“