Нехумани услови, штетни продукти: Мрачни тајни за компанијата на Кајли Џенер

Уште еден плагијат

Претходно, во 2015-та, Кајли украла уште една идеја од Хагерти. Веднаш по лансирањето на Kylie Cosmetics, младата милионерка објави фотографија од усни на кои карминот е растечен – слика што Хагерти ја направила долго пред Кајли.

Таа дури и планирала да ја тужи младата богаташка.

nehumani-uslovi-shtetni-produkti-mrachnata-strana-na-kylie-cosmetics-08.jpg

Ужасно искуство за сите вработени

Еден поранешен вработен во фирмата на Кајли изјавил:

„Тоа беше ужасно искуство што не сакам да го имам уште еднаш. Работевме многу и некои менаџери се однесуваа толку лошо, што беше навистина непријатно. Очекувањата беа нереално високи за новите вработени, а ако не ги исполнуваш – добиваш отказ. Беше толку напорно, што единственото убаво нешто беа паузите за ручек“.

nehumani-uslovi-shtetni-produkti-mrachnata-strana-na-kylie-cosmetics-09.jpg

Мигрени од шминките

Изгледа нештата не се лоши само за вработените, туку и за муштериите на Кајли. Имено, минатиот февруари 15 луѓе испратиле поплака до Kylie Cosmetic, тврдејќи дека продуктите што ги купиле мирисаат на хемикалии и лепило.

За многу продукти муштериите велат дека мирисаат на боја, а некои се соочиле и со ужасни мигрени поради мирисот.

После овие обвиненија, фирмата на Кајли била проверена и наводно сè било во ред, но навистина е чудно тоа што продукт за убавина предизвикува такви несакани ефекти.

nehumani-uslovi-shtetni-produkti-mrachnata-strana-na-kylie-cosmetics-10.jpg

Во некои продукти имало и мравки

Една девојка го порачала сетот за усни на Кајли, но кога го отворила кутијата била полна со мравки.

Таа ја контактирала фирмата и ѝ рекле дека ќе ѝ пратат нов продукт, но тоа никогаш не се случило.

nehumani-uslovi-shtetni-produkti-mrachnata-strana-na-kylie-cosmetics-11.jpg

Обвиненија за експлоатација

Фановите реагираа навистина бурно кога дознаа дека за нејзините видеа за рекламирање на Snapchat, Кајли ја користела куќната помошничка.

Многумина ја обвинија дека ја експлоатира жената, бидејќи нејзината работа не е да ѝ биде модел.

„Ја користам раката на мојата куќна помошничка. Многу е добра и само седи таму и ми дозволува да работам“, има изјавено Кајли без грижа на совест.

nehumani-uslovi-shtetni-produkti-mrachnata-strana-na-kylie-cosmetics-12.jpg

Рециклирање продукти

Кајли беше обвинета и дека ги препакува непродадените продукти и ги продава како нови. Ова го забележале многу жени кои купиле навидум разни кармини, кои на крај имале иста боја.

Проблемот е што Кајли тврди дека некои продукти се „ограничени“, кога всушност ги продава старите во ново пакување, со повисока цена.

nehumani-uslovi-shtetni-produkti-mrachni-tajni-za-kompanijata-na-kajli-djener.jpg

Празни кутии

Како сето ова да не е доволно, многу муштерии се пожалиле дека не само што добиле погрешни продукти, туку неретко кутиите биле целосно празни. Компанијата им понудила замена на речиси сите, но тоа не го оправдува овој пропуст кој се случувал премногу често.

nehumani-uslovi-shtetni-produkti-mrachnata-strana-na-kylie-cosmetics-14.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Гласини дека Кајли Џенер си ги потрошила парите: „Очајно пробува да ја продаде куќата, рекламира лош... По лошата реклама за игра за смартфон што не е својствена за некој кој соработув...
Тревис Баркер во крзнени папучи, Ријана на аеродром со двата сина: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек за реклама се потсмеваше на своја сметка со голем број кутии крофни и ...
Бредли Купер брза да ја земе ќерката на која ѝ се слошило, Џеј Ло ја држи мајка ѝ за рака: Фото-дока... Бредли Купер мораше да ја напушти прес конференцијата за најновиот филм „Maestro...
Криси Тајген по гаќи, Ева Мендез со нов филер на усните – Славните на Олимписки игри 2024 (фото) Том Круз сам следеше неколку натпревари, додека Ева Мендез и Рајан Гослинг беа с...
Ѕвезди кои гордо ја покажуваат насмевката по години носење фиксни протези Фиксните протези не ги носат само обичните луѓе, туку и ѕвездите. Ви се верува л...
„Болката е неподнослива“ – Бруклин Бекам ја теши сопругата на погребот на нејзиното куче „Ќе се заложам за ова повеќе никому да не му се случи, затоа што болката е непод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg