Без раскошни забави: Како Кајли Џенер го помина 23-иот роденден + најдобри модни изданија
- Детали
- вторник, 11 август 2020
Во понеделникот Кајли наполни 23 години, но годинава младата милионерка се воздржа од голема забава.
Викендот Кајли прослави со нејзините најблиски пријатели, а на Instagram, пак, се пофали со изненадувањето што ѝ го приредило семејството - интересни цветни аранжмани и натпис „Среќен роденден Кајли“ со огромни букви.
Таа сподели и фотографија каде што носи сатенски фустан, на кој е извезен римскиот број 23 со дијаманти.
„23! Благодарна сум за уште една година. Благословите и лекциите… тука сум за сè и многу сум ви благодарна на сите“, стои во описот на објавата.
https://www.instagram.com/p/CDub8f9H2P_/
Кајли сподели и слатка фотографија од неа и Сторми, и нејзината роденденска торта, изјавувајќи дека тоа е најдобриот подарок од сите.
https://www.instagram.com/p/CDuc1yynbyN/
Од семејството, Кајли најпрво доби честитка од мајка ѝ Крис, која сподели неколку ретро фотографии од Кајли и ја нарече „најдобрата ќерка, внука, сестра, пријателка и мајка“.
И Клои сподели неколку постари фотографии со кои ѝ го честита роденденот на помалата сестра.
Иако има само 23 години, Кајли веќе важи за модна икона и стана препознатлива по комбинациите што ги носи.