Хит Леџер на 28, принцезата Дајана на 36 – факти за смртта на познати личности кои го шокираа светот
- Детали
- недела, 05 јули 2020
Смртта никогаш не се прифаќа лесно, а особено доколку е предвремена, неочекувана и доаѓа како вистински шок. Па дури и во Холивуд и во светот на славните.
Кои познати личности ги шокираа обожавателите со предвременото заминување од овој свет?
Пол Вокер – 40 години
Ѕвездата на успешниот филмски серијал Fast&Furious неочекувано го загуби својот живот во автомобилска несреќа на 10 ноември, 2013 година. Заедно во автомобилот со него беше и неговиот пријател Роџер Родас, а двајцата се враќале од добротворна акција која ја организирал Вокер наменета за жртвите на тајфунот Хајан.
Хит Леџер – 28 години
На 22 јануари, 2008 година, актерот бил пронајден несвесен во својот кревет од страна на неговата чистачка. Таа веднаш ѝ се јавила на неговата пријателка, Мери-Кејт Олсен, а во меѓувреме повикала брза помош. 2 недели по неговата смрт констатирано е дека Леџер починал од акутна интоксикација со 6 различни видови на апчиња.
Мајкл Џексон – 50 години
Смртта на кралот на поп музиката и денес останува загатка за сите. Тој е пронајден мртов во изнајмената куќа во Холмби Хилс на 25 јуни, 2009 година како резултат на интоксикација. Неговиот негувател Конрад Мјуреј беше осуден за „убиството“ на Мајкл Џексон на 4 години затвор, но пуштен само 2 години подоцна.
Ејми Вајнхаус – 27 години
На 23 јули, 2011 година, Вајнхаус почина од алкохолно труење. Нивото на алкохол во нејзината крв изнесувало повеќе од 5 пати над дозволената вредност при возење.
Витни Хјустон – 48 години
На 11 февруари, 2012 години, Хјустон беше пронајдена во несвесна состојба во Беверли Хилтон хотелот, во бањата. Како причина за смртта е наведено сопствено давење во кадата поради слабото срце и употребата на кокаин.
Британи Марфи – 32 години
Актерката почина на 20 декември, 2009 година откако се онесвестила во сопствениот дом. Додека била пренесена во болницата починала од срцев удар.
Сепак, подоцна во извештајот е наведено дека првичната причина за смртта била пневмонија, со секундарни фактори како недостаток на железо, односно анемија и многубројните апчиња кои ги земала за да ја излекува настинката која мислела дека ја има.
Курт Кобејн – 27 години
Телото на Курт Кобејн е пронајдено на 8 април, 1994 година. Електричарот којшто го пронашол во домот на почетокот мислел дека тој спие, сè додека не видел дека од неговото уво тече крв и дека до телото има пиштол. Во извештајот е потврдено дека во телото на Кобејн имало огромни количини на хероин и дијазепам.
Алија - 22 години
На 25 август, 2001 година, неколку членови од издавачката куќа на Алија, вклучувајќи ја и пејачката се качиле на авион на Бахамите, патувајќи кон Флорида.
Авионот се урнал на околу 60 метри од крајот на пистата и експлодирал, усмртувајќи ги сите патници и екипажот. Како причина е наведено дека авионот бил претоварен со околу 318 kg повеќе отколку што можел да носи.
Фреди Меркјури - 45 години
Само 24 часа по објавувањето дека е ХИВ позитивен, пејачот на Queen почина на 24 ноември, 1991 година во неговиот дом во Кенсингтон.
Шпекулациите за болеста започнале уште во октомври, 1986 година, но пејачот ги демантирал, сè до неговата јавна изјава на 23 ноември.
Принцезата Дајана - 36 години
Омилената принцеза на народот почина во автомобилска несреќа на 31 август, 1997 година во тунелот Pont de l’Alma во Париз.
Иницијалниот извештај тврди дека причината за несреќата е пијаниот возач Хенри Пол којшто го управувал возилото. Но, многумина теоретизираат дека смртта била планиран напад од страна на MI6.
Прочитајте и за трагичната смрт на Коби Брајант и неговата ќерка Џиана.
(О)Милена | Црнобело