По разводот, Брајан Остин Грин ја брани бившата Меган Фокс и нејзиното ново момче
- Детали
- вторник, 16 јуни 2020
И покрај тоа што романсата на Меган Фокс и Машин Ган Кели најверојатно започнала додека таа била во брак со Брајан Остин Грин, тој не кажува лош збор за неа, туку ја брани. Инаку, излегоа фотки како Меган се бакнува со Машин Ган Кели.
Брајан Остин Грин (46) беше фотографиран како се шета со американската старлета Кортни Студен (25), еден месец откако потврди дека тој и актерката Меган Фокс се разведуваат.
Инаку, Кортни стана позната кога на 16 години се венча со 50-годишниот актер Даг Хучинсон, но годинава таа се разведе од него.
Дали станува збор за врска или само за пријателство, останува да видиме.
За Брајан и Меган кружеа гласини дека бракот им пукнал поради наводното неверство на Меган со раперот Машин Ган Кели, во чиј спот неодамна се појави Меган и глумеа љубовници.
Таа со месеци била на снимање на филм со Кели и разделбата со сопругот Брајан дошла по враќањето во семејниот дом во Калифорнија.
Меган му кажала на Брајан: „Сфатив дека додека бев надвор од земјата и работев сама се чувствував подобро во врска со себе“. Тој бил шокиран од нејзиниот заклучок, но и среќен што е искрена со него.
Парот има 3 деца заедно. Тие се разделија по 10 години брак.
Инаку, Брајан во медиумите ги брани Меган и Машин Кели, тој вели дека не сака да бидат напаѓани и етикетирани.
Папарацо фотки потврдија дека Меган и Машин Ган Кели и официјално се во врска:
„Никој од нас не стори ништо еден на друг. Таа отсекогаш беше искрена со мене и јас бев искрен со неа. Имавме прекрасна врска и секогаш ќе ја сакам и знам дека и таа ќе ме сака мене.
И кога станува збор за семејството заедно изградивме нешто навистина кул и навистина специјално.
Таа го запозна Машин Ган Кели на филмски сет... Јас никогаш не сум го сретнал, но со Меган разговаравме за него. Од тоа што таа ми го кажа тој е навистина фино момче. Таа секогаш добро ги проценува луѓето. Јас ѝ верувам на проценката. Не сакам луѓето да ги напаѓаат и да мислат дека јас сум жртва на каков било начин. Затоа што не е така.
Ова не е нешто ново за нас, ова е нешто ново за луѓето кои сега дознаа од медиумите. Не сакам никој да биде напаѓан во оваа ситуација.“