Опра Винфри на 9 години: Ѕвезди кои преживеале сексуално насилство во детството
- Детали
- среда, 03 јуни 2020
Памела Андерсон на 12 години била силувана од 25-годишен другар на брат ѝ, а на 15 години од група од 6 момци, меѓу кои нејзиното тогашно момче.
За жал, милиони деца низ светот се жртви на сексуално насилство. Во име на тоа нивните предатори да не минат неказнето и децата да зборуваат отворено за злоупотребата, некои ѕвезди ги открија своите потресни искуства.
Ѕвезди што биле сексуално злоупотребени како деца:
Опра Винфри на 9 години
Била родена во семејство на хигиеничарка и бербер и ретко ги гледала своите родители. Првите 6 години од животот ги минала со баба ѝ на село, каде била казнувана со ќотек за секоја грешка.
Потоа мајка ѝ покажала интерес за неа и ја земала со себе, но Опра на 9-годишна возраст била силувана од нејзин братучед, а за да ја убеди да не зборува за тоа ѝ купил сладолед. Потоа, злоупотребите доаѓале од браќа, нивни пријатели, а дури и нејзиниот чичко.
На 13 години таа забременила, не знаела кој е таткото и сакала да се самоубие пиејќи апчиња. Колку и да звучи лошо, ѝ олеснило што бебето умрело веднаш по раѓањето.
По породувањето таа заминала кај татко ѝ, а тој сторил сѐ што е во негова моќ за Опра да закрепне и да оди на факултет.
Миси Елиот на 8 години
Уште како дете татко ѝ ја тепал неа и мајка ѝ, а еднаш дури им извадил и пиштол, а на 8 години нејзин 16-годишен братучед почнал да ја силува.
Во очај, Миси им испраќала писма на своите идоли Мајкл и Џенет Џенксон да ѝ помогнат и да ја земат од нејзината куќа.
Кога Миси имала 13 години мајка ѝ собрала храброст и двете избегале, но со години живееле во константен страв дека татко ѝ ќе ги најде и ќе ги убие.
Тим Рот во детството бил злоупотребен од дедо му
Во текот на детството актерот Тим Рот неколку години бил силуван од неговиот дедо, од таткова страна. Дури и таткото на актерот станал жртва.
Тим со години живее со своите демони, но вели дека себеси се гледа како борец, а не како жртва.
Квин Латифа на 9 години
Таа 30 години ја криела болката од силувањето од страна на бебиситерот што ја чувал додека нејзините родители не биле дома. Се чувствувала засрамено и не им кажала дури ниту на родителите што доживеала на 9-годишна возраст.
Сега, се кае што не зборувала јавно и криминалецот минал неказнето.