Кој го наследи богатството на Хит Леџер?

Во 2008-ма година, светот се збогува со еден од најдобрите холивудски актери – Хит Леџер. Актерот почина на 28-годишна возраст, наводно од предозирање со лекови.

koj-go-nasledi-bogatstvoto-na-hit-ledzer-01.jpg

Поминаа 12 години од неговата смрт, а Леџер зад себе остави огромно богатство – и културно, и материјално.

Но, кој ги наследи неговите пари?

koj-go-nasledi-bogatstvoto-na-hit-ledzer-02.jpg

Хит Леџер има само едно дете, ќерката Матилда, која имаше 2 години на денот на неговата смрт.

koj-go-nasledi-bogatstvoto-na-hit-ledzer-03.jpg

Кратко по трагичниот настан, почнаа шпекулации дека мајката на Матилда, и поранешна девојка на актерот, ќе бара дел од неговите пари. Но, тоа никогаш не се случи.

Имено, таткото на Хит изјави дека семејството без двоумење ѝ дало сè на Матилда. Покрај неговата изјава, подоцна се откри дека во 2003-та, две години пред раѓањето на Матилда, актерот направил и тестамент. Според документот, сè што поседувал, ќе било наследено од неговите родители и сестри.

koj-go-nasledi-bogatstvoto-na-hit-ledzer-04.jpg

По смртта на актерот, Матилда наследи 16,3 милиони долари. Сепак, не одело сè по план.

Поранешниот адвокат на Хит ја судел осигурителната компанија која не сакала да исплати 10 милиони долари животно осигурување на малата Матилда. Најверојатно, причината биле шпекулациите дека актерот сам си го одзел животот. Тогаш адвокатот изјави:

„Има мало девојче чиј татко почина и кое треба да ги наследи неговите пари, а компанијата прави сè за да го избегне плаќањето. Нема ниту еден доказ дека причина за смртта е самоубиство“.

koj-go-nasledi-bogatstvoto-na-hit-ledzer-07.jpg

Во 2009-та јавноста дозна дека адвокатот и компанијата направиле компромис и го решиле проблемот.

Денес Матилда има 14 години и изгледа дека има нормален тинејџерски живот во Њујорк. Таа ќе стане и голема сестра, бидејќи нејзината мајка, Мишел Вилијамс, е бремена со второто дете, овојпат од режисерот Томас Каил.

koj-go-nasledi-bogatstvoto-na-hit-ledzer-06.jpg

Мишел е позната по нејзината приватност, па веројатно тоа е причината што слушаме многу малку за Матилда овие денови. Сепак, таа изјави дека на ќерка си секогаш ќе ѝ го кажува истото:

„Татко ти ме сакаше пред кој било да помисли дека сум талентирана, убава или дека имам убава облека“.

koj-go-nasledi-bogatstvoto-na-hit-ledzer-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс – Богати личности кои живеат во (релативно) скромни домови, и покрај м... Милијардерот Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе во светот и иако поседува мн...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Платил над 30 милиони за да се разведе од сопругата за 65 секунди - Како Мистер Бин ги троши милиони... За него велат дека е човек кого разводот скапо го чинел. Разводот му траел само ...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg