Трикот кој го користи Меланија за да се истакне покрај Доналд Трамп
- Детали
- вторник, 05 мај 2020
Како Меланија Трамп покажува одреден вид на доминација и сила? Која е нејзината тајна алатка за да го „засени“ 73-годишниот Трамп?
Меланија Трамп (50) е прва дама од 2017 година и експертите велат дека таа користи еден трик за да се истакне при секое појавување со 73-годишниот Доналд Трамп.
Таа со помош на модниот стил покажува одреден вид на доминација и сила.
Според некои проценки, Меланија потрошила вртоглави 220.000 евра на гардероба во 2019 година.
Модните дизајнери велат дека Меланија успева да испрати силна порака за својот карактер преку изборот на облека. Таа носи смели бои, не се плаши да се истакне и да биде во фокусот на вниманието, велат тие.
Носи и футуристички дизајни и чевли во смели бои и сѐ ѝ стои совршено.
Меланија е среќна кога е во центарот на вниманието. Смелите модни избори покажуваат дека ужива во улогата на прва дама.
Ја знае вистинската мерка меѓу елеганција и сексапил.
Прочитајте и Ѝ дозволил да има дете ако остане фит: Мрачни тајни за бракот на Доналд и Меланија Трамп.
Дел од нејзините модни избори:
С. С. | Црнобело