Кралицата Елизабета, Наоми Кемпбел - познатите со превентивни мерки против корона вирусот (фото)
- Детали
- четврток, 12 март 2020
Ким Кардашијан патува со тон средства за дезинфекција, а кралицата Елизабета избегнува да се ракува на средбите - што преземаат другите?
Милиони луѓе ширум светот преземаат превентивни мерки за заштита од корона вирусот.
Дел од советите на медицинските лица се да се мијат редовно раце, да не се ракувате, да користите средства за дезинфекција и да избегнувате јавни собири.
И познатите личности одлучија да се придржуваат кон овие препораки, а голем дел од нив на нивните патувања со авион одлучија да стават и маски, иако медицинските лица тврдат дека маската не може да не заштити од корона вирусот.
Сепак, одлично е што сите тие се обидуваат да се заштитат себеси, но едновремено да ја поткренат и јавната свест.
Потезите на познатите личности:
Кралицата Елизабета (93) одлучи да престане да се ракува, а доказ за тоа се фотографиите од неодамнешната средба со претставници на Шри Ланка.
Нејзин личен избор е да нема контакт со раце додека трае ситуацијата со корона вирусот.
Наоми Кемпбел се возеше во авион облечена во заштитно одело, хируршка маска и ракавици поради корона вирусот.
Таа е позната по стравот од бактерии и постојаното темелно чистење околу себе.
Моделот Бела Хадид неодамна при патување со авион исто така се одлучи да стави маска на лицето.
Гвинет Палтроу направи селфи како носи маска за време на едно патување во Париз и на својот Инстаграм профил порача да се мијат раце редовно и луѓето да не се ракуваат.
Кејт Хадсон позираше со хируршка маска на лицето.
Ким Кардашијан покажа дека сега патува подготвена со разни средства за дезинфекција.
Роби Вилијамс наместо да се ракува, се поздравува со допирање на лактите.
С. С.| Црнобело
Би можело да ве интересира:





