Криси Тајген сака да ги извади имплантите, но се плаши: „Не сакам да умрам на операција за гради“
- Детали
- четврток, 05 март 2020
Криси Тајген за првпат откри дека на 20-годишна возраст ставила импланти во градите.
34-годишниот модел се отвори во интервјуто за Glamour UK, зборувајќи за нејзиното искуство со пластичната хирургија на почетокот од кариерата.
„Да, си ги направив градите кога имав околу 20 години. Најмногу беше за костимите за капење. Си реков, ако позирам легната на грб, сакам градите да ми бидат полни! Но, кога имате деца градите се полнат со млеко и се ’издишуваат‘.“
Криси додаде и дека не ги зголемила градите, туку само ги „исполнила“ за да изгледаат подобро.
Иако сега размислувала да ги отстрани, се двоумела дали повторно да оди „под нож“.
„Мислам дека имплантите треба да се заменуваат на секои 10 години. Но кога имате деца, размислувате за ризиците од операцијата и си помислувате ’Не сакам да умрам вака, на операцијата за гради‘“, изјави Криси.
Во истото интервју Криси зборува и за нејзината самодоверба, споделувајќи дека порано се мерела секое утро, попладне и вечер.
„Знаев што ќе каже вагата после секој оброк.“
Го правела ова цели осум години, но нештата се промениле кога ги добила Мајлс и Луна. Наводно, ѝ било потребно цела година да го прифати своето тело после бременоста.
Ова не е првпат Криси да прозбори за процедурите што ги има направено. Во 2017-та таа изјави дека направила липосукција на рацете:
„Имав липосукција на рацете, што е едно од најдобрите нешта. Голема тајна е, но не ми е грижа. Беше пред околу девет години. Но, тоа што го отстранив се врати, па сега пак треба да плаќам за липосукција.
Беше многу лесно. Направи да се чувствувам убаво кога носев фустан. Имав поголема самодоверба. Беше најглупавото нешто што сум го направила. Најглупавото, но ми се допаѓа. Искрено, не жалам“, вели Криси.
Спирова С. | Црнобело