Мајка му на Лео ја обожава: Интересни факти за Камила, девојката на ди Каприо
- Детали
- вторник, 21 јануари 2020
Камила Мороне е девојката која успешно „го држи“ Леонардо ди Каприо во врска веќе две години. Која е оваа аргентинска убавица?
Камила е 22-годишен модел, а е помлада од Леонардо 23 години.
Неколку интересни факти за Мороне:
1. Ал Пачино ѝ е „очув“.
Нејзината мајка Лусила Полак била во врска со Ал Пачино 10 години. Камила и Лео дури биле и на состанок заедно со нив. Дури и откако се разделиле, Камила го смета Ал за нејзин очув.
2. Нејзините родители се јавни личности.
Нејзините родители работат во забавната индустрија уште пред таа да стане позната. Нејзиниот татко Максимо Мороне, работел како актер и модел во Аргентина, а мајка ѝ е позната аргентинска актерка.
3. Таа е познат модел.
Во 2016-та година беше дел од каталогот на Victoria’s Secret. Се најде и на насловната страна на Vogue.
4. Започнала со кариерата како модел кога била во средно училиште.
Многу локални продавници ја барале да снима за нив – брендови за облека и накит. Со ова, таа заработила доволно за да може на 18 години да се пресели во Њујорк.
5. Сакала да се откаже од кариерата како модел откако ја добила својата прва голема улога на филм.
Нејзиниот живот се променил откако станува дел од филмот „Death Wish“ каде ја игра ќерката на Брус Вилис. По ова, таа се преселила кај мајка ѝ на Западниот Брег на Америка.
6. Ал Пачино ѝ дал совет за актерството.
На Late Night Show со Џејмс Корден, Камила изјави дека првата личност на која се јавила откако ја снимила својата прва поголема улога бил Ал. Тој ѝ рекол „Дојди кај мене на гости, ќе се напиеме чај и ќе го прегледаме сценариото заедно“.
7. Честопати ја споредуваат со Џенифер Лоренс.
По нејзината улога во Mickey and the Bear, честопати ја споредуваат со Џенифер Лоренс во Winter’s Bone. Ова таа го смета за навистина голем комплимент.
8. Биле фамилијарни пријатели со Лео.
Ал Пачино и Леонардо ди Каприо се пријатели со години. Камила го запознала Лео пред повеќе од 10 години на семејни настани кога мајка ѝ била во врска со Ал.