Фото времеплов: Трансформацијата на еден од најпривлечните актери низ годините - единствениот Бред Пит
- Детали
- недела, 05 јануари 2020
Бред Пит е во центарот на вниманието веќе три децении, но надвор од многуте негови јавни романси, светот изгледа дека не знае многу за овој навидум „обичен“ човек.
Со несомнен талент и непобедлив изглед, кариерата на овој маестрален актер непрекинато се движи по нагорна линија.
Во продолжение ви прикажуваме низа на досега ретко видени фотографии низ кои ќе ја воочите промената на Бред низ годините во сите животни облици:
1986 година: Пит во Лос Анџелес пред неговото запливување во јавниот свет.
Актерот бил израснат во Спрингфилд, Мисури од страна на конзервативни родители.
Тој го напуштил колеџот во 1986 година за да се упати кон Запад и да го изгради своето „име“.
1988 година: Неговата прва улога.
Првата улога на славниот актер е таканареченото „момче на плажа“ во фантазискиот филм наречен Hunk.
1988 година: Љубовџија на повидок.
Пит со тогашната девојка Меккол којашто ја запознал на снимањето на сетот на својата втора улога.
Кога ја започнале љубовната романса таа имала само 15 години, а тој 24.
Во јуни 1988 година, Пит излезе со новата девојка, Џил Шолен на премиерата во Лос Анџелес на филмот Read Heat.
Двојката се запознала на сетот на филмот Cutting Class.
Бред вели дека своето прво разочарување од љубовта го добил токму со неа.
Имено тие биле верени, но младата актерка Џил била заљубена во режисерот на филмот во којшто тогаш играла.
1989 година: Улогите се зголемуваат.
Пит се појавува во епизодата на Thirtysomething во октомври, 1989 година.
Убавиот изглед дефинитивно му ги отвори вратите на овој млад актер, а тој вели дека тие влијаеле и на видовите понуди што ги добивал во раната кариера.
1991 година: Нова љубов и значајна улога.
Пит се приближува до тогашната девојка Џулиет Луис на премиерата Тhelma & Louise .
Двојката започнала да се забавува кога тој имал 27 години, а таа 17 и биле заедно три години, сè додека не се разделиле во 1993 година.
1993 година: Препознатлив стил и изграден имиџ.
Една од најзначајните карактеристики на Пит во неговите рани години беше неговата коса, и покрај тоа што често знаеше да експериментира со неа.
1995 година: Втора неуспешна свршувачка.
Пит и Гвинет Палтроу се запознале во 1994 година на еден филмски сет и брзо станале холивудски пар.
Тие ја раскинаа свршувачката во 1977 година.
1996 година: „Златен Глобус“.
Ова е првата и засега последна награда на Бред , од ваков карактер.
На доделувањето тој се појави со поранешната девојка Гвинет Палтроу.
1999 година: Новата прочуена двојка и повторно прстен.
Бред и Џенифер Анистон ја објавуваат својата свшувачка на сцената на концертот на Стинг во ноември 1999 година во Њујорк.
2005 година: Крај на една љубовна ера и на повидок нова романса.
Пит и Анистон објавија дека се разделуваат во јануари 2005-та по многуте гласини дека тој и г-ѓа Смит се во врска.
2006 - 2016 година: Прекрасна фамилија.
Во јануари 2006 година, Пит и Џоли објавија дека очекуваат принова и за првпат јавно ја признаваат својата врска. Шајло Нувел е родена на 27.05.2006 година.
Анџелина и Бред имаат вкупно шест деца, од кои три се биолошки, а останатите три посвоени.
Двојката кажа „да“ во 2014-та година. Тие со своите деца одржаа мала, приватна церемонија во Франција.
За жал, овој прекрасен пар по многуте шпекулации се раздели во 2016-та година.
2018, 2019 година: Нови филмски успеси.
Once Upon a Time in Hollywood, филмот кој спои брилијантни актерски сили и постигна навистина голем успех.
Мила М. | Црнобело