Мајката на Џеј Ло на 74 години танцува исто како неа – како изгледа Гвадалупе? (видео)
- Детали
- среда, 18 декември 2019
Таа има 74 години, но изгледа барем 20 години помладо, а тоа го докажа и со енергичното танцување на сцена со Џеј Ло.
Џенифер Лопез дефинитивно имала од кого да ја наследи убавината и младоликиот изглед – нејзината мајка на 74 години изгледа одлично.
По повод нејзиниот роденден пред неколку дена, Џеј Ло решила да ја донесе мајка си на сцена на еден од нејзините настапи и да танцуваат заедно.
Гвадалупе е најголемата поддршка на Џеј Ло, а на последниот настап, таа беше во публиката и уживаше во перформансот, танцувајќи и пеејќи, па пејачката ја покани на сцена:
„Мојот број 1 фан е во публика вечерва. По некоја случајност, таа слави роденден. Поздравете ја мојата мајка.“ – вели Џеј Ло, додека камерата ја снима Гвадалупе збунета.
Но, во моментот кога стапна на сцена, таа влезе во улогата и заедно со Џеј Ло почна да пее и танцува на песната „Hold It Don't Drop It“.
Ако сте се запрашале од каде доаѓа енергијата и талентот за танцување на пејачката:
https://www.instagram.com/p/B5_GXiRpt4_/?utm_source=ig_embed
Каква мајка – таква ќерка:
M. M. | Црнобело