Долги холивудски романси што завршија со кратки бракови
Еминем и Ким Матерс
Благодарение на цела плејлиста со „гневни“ песни посветени на неговата бивша, целиот свет знае за врската на Еминем и Ким.
Парот се запознал во 1988-ма година, а набрзо потоа почнаа да живеат заедно. Наредната деценија тие раскинуваа и се смируваа, а во 1995-та година им се роди и ќерка.
Прв пат се венчаа во 1999-та година, после речиси 11 години заедно. Бракот траеше само две години, а Еминем побарал развод наводно, бидејќи Ким го изневерувала.
Парот повторно се смири во 2006-та година, а вториот брак траеше уште пократко – само 3 месеци.
Џенифер Анистон и Џастин Теру
На почетокот изгледаше како Џенифер Анистон конечно да го пронашла својот принц на бел коњ. Парот ја започна врската во 2011-та година, се верија во 2012-та, а се венчаа три години подоцна.
Но, нивниот брак не траеше долго и во 2018-та година изјавија дека веќе биле разделени.
Подоцна истата година, Џастин изјави дека раскинувањето било болно, но сепак мирно.
Џим Кери и Лорен Холи
Џим и Лорен се запознаа на снимањето на Dumb and Dumber, во 1994-та година, и набрзо ја започнаа нивната романса. Тие се венчаа во 1996-та година, но нивниот брак не траеше долго.
Парот се раздели 9 месеци подоцна, а набрзо потоа побараа развод.
Лорен изјави дека напнатоста во нивната врска била предизвикана од папараците. Сето ова им го направило бракот мизерен.
Бритни Спирс и Џејсон Александар
Бритни и Џејсон биле пријатели од детството. Не е познато дали воопшто биле во врска, кога во 2004-та година го шокираа светот со нивната венчавка во Лас Вегас.
Но, долгогодишното пријателство не било рецепт за успешен брак, па 55 часа после венчавката, нивниот брак беше поништен.
Спирова С. | Црнобело