Долги холивудски романси што завршија со кратки бракови

Изгледа дека бракот не е за секого. Додека сите мислиме дека бракот ќе ја направи врската подобра, ова дефинитивно не важи за овие холивудски парови.

dolgi-holivudski-romansi-shtozavrshija-so-kratki-brakovi-01.jpg

Овие познати парови имале долги врски, но не можат да го кажат истото за нивните бракови.

Погледнете ги долгите холивудски романси што завршија со кратки бракови:

Лиам Хемсворт и Мајли Сајрус

Лиам и Мајли најавија дека се разделуваат, помалку од 8 месеци после нивната венчавка.

Парот, кој раскинуваше и се смируваше повеќе од цела деценија, ја потврди разделбата во август 2019-та. Еден ден претходно, Мајли беше фотографирана како се бакнува со Кејтлин Картер, иако претходно ги негираше гласините за неверство.

Лиам побара развод две недели подоцна.

dolgi-holivudski-romansi-shtozavrshija-so-kratki-brakovi-02.jpg

Анџелина Џоли и Бред Пит

Врската на Џоли и Пит, уште на почетокот беше опкружена со контроверзии. И двајцата признаа дека се вљубиле за време на снимањето на Mr. & Mrs. Smith, период кога Бред беше во брак со Џенифер Анистон.

Бред и Анџелина беа заедно повеќе од 9 години, пред да се венчаат во август 2014-та. Но само две години подоцна, Џоли побара развод, наводно поради разликите што не можеле да ги надминат.

Иако парот не ја сподели причината за нивната разделба, постојат гласини дека ситуацијата кулминирала кога Бред и нивниот син, Медокс, физички се пресметале на приватен авион.

dolgi-holivudski-romansi-shtozavrshija-so-kratki-brakovi-03.jpg

Адел и Сајмон Конецки

Во 2012-та година, јавноста дозна за врската на Адел и Сајмон. Една година подоцна, парот имаше и син.

Иако Адел го нарече Сајмон нејзин сопруг уште во 2017-та година, парот официјално стапил во брак во 2018-та.

Во април 2019-та, тие изјавија дека ќе се разделуваат. Во текот на нивната 7-годишна врска, тие беа во брак помалку од една година.

dolgi-holivudski-romansi-shtozavrshija-so-kratki-brakovi-04.jpg

Џони Деп и Амбер Херд

Разводот на Џони и Амбер привлече многу повеќе внимание од нивната 4-годишна врска.

Џони и Амбер се запознаа на сетот на The Rum Diary во 2009-та година, а почнаа да се гледаат во 2012-та.

После 3 години заедно, тие се венчаа, но една година подоцна, Амбер поднела барање за развод.

Овој период Амбер побара и забрана за приближување и тврдеше дека Џони ја малтретирал. Разводот се финализира во август 2016-та, а двајцата изјавија дека нивната врска била страсна и понекогаш насилна, но секогаш полна со љубов. 

dolgi-holivudski-romansi-shtozavrshija-so-kratki-brakovi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
„Таа е сè што јас не сум“ – Џони Деп ја возвишува мајката на неговите деца, додека се гледа со 33 го... „Срамота – таа е само две години постара од ќерка му!“ - Џони Деп е на удар на к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg