Модна кралица - Џеј Ло во легендарниот Versace фустан 19 години подоцна (фото)
- Детали
- сабота, 21 септември 2019
На модната недела во Милано, Џеј Ло прошета по пистата во фустан креиран според легендарниот Versace фустан кој ја направи модна икона уште пред 19 години.
Се сеќавате ли на легендарниот Versace фустан кој Џеј Ло го направи хит пред 19 години на Grammy наградите?
Во 2000-та година таа се појави на црвениот тепих во Versace фустан во зелена боја, инспириран од џунглата, а тоа е еден од најпознатите и запамтените аутфити на сите времиња, кој се смета и како причина за креирањето на Google Images.
„Дознав дека поради таа вечер и тој фустан постои Google Images. Толку многу луѓе го пребарувале, а немале каде да пребаруваат слики во тоа време, па така започнала идејата да се создаде Google Images.“ – изјавила пејачката.
19 години подоцна, на модната недела во Милано, Џеј Ло го затвори шоуто на Versace на незаборавен начин.
https://www.instagram.com/p/B2pTbfxCI6q/
Легендата се врати во легендарниот фустан, модернизирана креација на Versace, со длабоко деколте и висок шлиц.
50-годишната модна икона изгледа совршено, а дури направила и иста фризура како пред 19 години. На пистата ѝ се придружи Донатела Версаче и доби овации од публиката.
Џеј Ло никогаш не останува незабележана, а Инстаграм е преполн со фотки и видеа од незаборавниот момент.
https://www.instagram.com/p/B2qwx2YjPws/
https://www.instagram.com/p/B2qU1ydgmcn/