Зошто принцот Вилијам толку долго чекал за да ја запроси Кејт Мидлтон?
- Детали
- вторник, 28 мај 2019
Тие се состанувале толку долго што луѓето дури се запрашувале дали некогаш воопшто ќе ја запроси. Зошто Вилијам толку се колебал?
Принцот Вилијам се состанувал со Кејт Мидлтон со години пред да се одлучи да ја побара за жена и да се венчаат во 2011 година. Тие се состанувале толку долго што луѓето дури се запрашувале дали некогаш воопшто ќе ја запроси.
Но, според кралскиот експерт Кети Никол причината за ова е навистина слатка.
Во книгата „Kate: The Future Queen“ таа пишува дека Вилијам не сакал да мине низ развод како неговите родители и сакал да ѝ даде на Кејт доволно време за да биде навистина, 100% сигурна дека кралскиот живот е за неа. Затоа тој чекал толку долго за да ѝ купи прстен.
Тие живееле заедно и Кејт имала простор да одлучи дали сака да се повлече од сè, ако сфати дека таа не е за таков живот.
„Кејт и Вилијам си ги знаат маните и работат како тим. Болката од разводот на неговите родители го натера Вилијам многу сериозно да размисли пред свадбата за кога ќе се ожени тоа да биде за цел живот.“
Очигледно Кејт сфатила дека кралскиот живот е за неа, затоа што таа веќе со години наназад одлично ја игра својата улога во кралското семејство.
Прочитајте и Кралицата ги охрабри Вилијам и Кејт да прекршат кралско правило за свадбата!
С. С. | Црнобело