Кралицата ги охрабри Вилијам и Кејт да прекршат кралско правило за свадбата
- Детали
- вторник, 02 април 2019
Кралицата Елизабета е формална, одлучна и строга, но љубовта кон внуците понекогаш знае да ја натера да направи исклучок.
Кралицата Елизабета е позната по тоа што цврсто се држи до протоколот и правилата. Но, на изненадување на сите таа на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон им кажала да го игнорираат протоколот на нивната свадба во 2011 година.
Во книгата „Kate: A Biography“ извор близок до кралското семејство тврди:
„На Вилијам му беше презентирана листа од стотици луѓе кои требаше да ги покани и неговото срце се скрши. Пригодата беше 100% формална и немаше место за лични гости на листата и специјални желби.
Тој зборуваше со кралицата и таа му дозволи да ја искине листата, да ги покани неговите пријатели и да почне оттаму со планирање на свадбата.“
Ова можеби не беше најдобриот потег на една кралица, но беше најдобриот потег на една баба што го сака својот внук.
С. С. | Црнобело