Се разделија Ирина Шајк и Бредли Купер - дали Лејди Гага е причината?
- Детали
- четврток, 16 мај 2019
Наводно Бредли сака, како и секогаш така и сега, да го држи својот приватен живот во тајност, додека пак Ирина смета дека мора да има соопштение до јавноста за нивната разделба.
Долго време кружеа гласини за нивниот однос и како тој ќе ја надмине огромната хемија помеѓу Бредли Купер и Лејди Гага на филмското платно, па и на сите нивни заеднички настапи и појавувања, но Ирина Шајк и Бредли покажуваа дека цврсто се држат.
Сепак, во медиумите осамна информација дека парот се разделил. Двајцата тврдат дека нивниот потег нема врска со гласините дека Бредли и Гага започнале романса за време на снимањето на оскаровскиот филм „A Star Is Born“, тврди извор близок до нив.
Според изворот, Бредли сака како и секогаш така и сега да го држи својот приватен живот во тајност, додека пак Ирина смета дека мора да има соопштение до јавноста за нивната разделба.
Инаку таа на Мет Гала се појави сама, иако и Бредли требаше да присуствува, а и периодов папараците постојано ја ловат сама. На Мет Гала беше и Лејди Гага, која пред некое време ја раскина свршувачката.
Парот се состануваше од 2015 година, а во 2017 ја добија ќерката Леа. Наводно нивниот однос драстично се променил по Оскарите.
Информацијата е од американскиот таблоид MTO и се чека официјална потврда од парот.
Потсетете се на Папарацо фотки: Лејди Гага и Бредли Купер не можат да се одвојат, Ирина Шајк седи сама по Оскарите.
Нови фотки од Ирина:
С. С. | Црнобело