Зошто Лејди Гага ја раскина свршувачката со Кристијан Карино?

Дали причината навистина беа гласините за љубовната искра помеѓу Лејди Гага и Бредли Купер?

zoshto-lady-gaga-ja-raskina-svrshuvachkata-so-christian-carino-01.jpg

Лејди Гага и Кристијан Карино ја раскинаа свршувачката на 19-ти февруари, во екот на гласините дека постои романтична поврзаност помеѓу Гага и ко-ѕвездата од филмот „A Star is Born“ Бредли Купер.

zoshto-lady-gaga-ja-raskina-svrshuvachkata-so-christian-carino-04.jpg

За првпат гласини за нивната разделба се појавија кога Гага се појави без огромниот свршенички прстен на Греми 2019.

Парот беше заедно од 2017 година, но што навистина се случи помеѓу нив? Дали навистина вината е во оскаровскиот хит „Shallow“ и лудата хемија помеѓу Гага и Бредли?

zoshto-lady-gaga-ja-raskina-svrshuvachkata-so-christian-carino-12.jpg

zoshto-lady-gaga-ja-raskina-svrshuvachkata-so-christian-carino-07.jpg

Извор близок до пејачката вели дека разделбата нема врска со Купер и дека едноставно не функционирале.

„Врските понекогаш завршуваат. Не постои голема драматична приказна. Немаше да успеат на долги стази. Кристијан не ја третираше Гага многу добро кон крајот на нивната врска затоа таа одлучи да стави крај и се потпре на своите пријатели за поддршка“, изјави тој.

zoshto-lady-gaga-ja-raskina-svrshuvachkata-so-christian-carino-06.jpg

Инаку, Гага во документарниот филм „Five Foot Two“, објавен во 2017, говореше за раскинувањето на претходната свршувачка со Тејлор Кини. Таа изјави дека сите нејзини врски завршувале поради неспособноста на нејзините партнери да се справат со нејзината огромна посветеност на работата. Призна дека срцето ѝ е скршено неколку пати досега поради тоа.

Можеби токму тоа е причината и за нејзината разделба со Карино. Не гласините дека има афера со Бредли, туку преголемата посветеност на нивниот заеднички филм и со тоа, запоставување на приватниот живот.

zoshto-lady-gaga-ja-raskina-svrshuvachkata-so-christian-carino-08.jpg

zoshto-lady-gaga-ja-raskina-svrshuvachkata-so-christian-carino-11.jpg

zoshto-lady-gaga-ja-raskina-svrshuvachkata-so-christian-carino-10.jpg

zoshto-lady-gaga-ja-raskina-svrshuvachkata-so-christian-carino-09.jpg

zoshto-lady-gaga-ja-raskina-svrshuvachkata-so-christian-carino-05.jpg

zoshto-lady-gaga-ja-raskina-svrshuvachkata-so-christian-carino-03.jpg

zoshto-lady-gaga-ja-raskina-svrshuvachkata-so-christian-carino-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мажите ме оставаат“ – Дали Лејди Гага конечно ќе се омажи со третиот свршеник, во кој е лудо вљубен... Првиот свршеник ѝ подари дијамантски прстен во форма на срце, вториот со розов д...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...
Лејди Гага со стомаче ги подгреа гласините дека е бремена, по теориите дека има машки полови органи „Бремена е или се здебелила?“ Ова прашање го поставуваат твитерџиите откако беа ...
Лејди Гага се вери со партнерот – по 2 неуспешни свршувачки, не ѝ се брза за свадба Лејди Гага и партнерот Мајкл Полански се заедно веќе четири години, а на Олимпис...
Лејди Гага се огласи за шпекулациите дека е маж: „Сметам дека немаше потреба да ги негирам“ Лејди Гага првпат прозборе за гласините дека е маж, а се огласи и за Фејсбук гру...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg