Зошто кралскиот тренинг на Кејт Мидлтон вклучувал гледање на снимки од Дијана?
- Детали
- среда, 29 мај 2019
Принцезата Дијана со разводот и сите скандали околу неа се смета за „најнепогодна“ личност од кралското семејство, зошто тогаш Кејт да учи токму од неа?
Да се стане член на кралското семејство не е лесно. Потребно е многу работа, посветеност и интензивни тренинзи.
Кејт Мидлтон мина низ сериозен кралски тренинг, кој опфати и гледање на снимки од принцезата Дијана.
Во книгата „Kate: The Future Queen“ кралскиот експерт Кети Никол опишува како палатата ја тренирала Кејт за справување со медиумскиот притисок, уште кога таа се состанувала со принцот Вилијам.
„Бизарно, но нејзиниот кралски тренинг вклучуваше снимки од починатата принцеза за таа да научи како да се справи со папараците. Прикажувани ѝ беа агресивните потери по Дијана од папараците во потрага по слика и нејзината улога на плен. Во палатата се вложени многу напори за Кејт да не биде изложена на истиот безмилосен третман“, открива Никол.
Кејт уште од првите појавувања ги освои симпатиите на медиумите и досега успешно се справува со нив.
С. С. | Црнобело