„Не ми ги напаѓајте малите гради“ - Џеси Џеј сурово искрена со фотка од плажа
- Детали
- петок, 10 мај 2019
Откако нејзиното момче Ченинг Татум објави фотографија на која е сосема гол, Џеси Џеј ја покажа погрешната тетоважа и нејзиното тело со сите „мани“.
Џеси Џеј (31) деновиве ужива на плажа. Таа ја покажа тетоважата со стихови од нејзина песна, која има грешка во спелингот.
Тетоважата ја направила на 18 години и наместо „lose“ на тату артистот му рекла да напише „loose“ по грешка.
Пејачката позираше во розови бикини и при објавата испрати порака до сите хејтери да не ѝ ги критикуваат малите гради.
Таа е позната по суровата искреност околку изгледот на нејзиното тело, а неодамна објави и фотка со целулит.
Фотки од Џеси Џеј:
https://www.instagram.com/p/BxPjslxH5pT/
https://www.instagram.com/p/BxQAka5H58V/
https://www.instagram.com/p/BxQGH4UHm8d/
Нејзиниот партнер Ченинг Татум:
https://www.instagram.com/p/Bw7vqLrFkHi/
С. С. | Црнобело