Од кои животни панично се плашат славните личности?
- Детали
- сабота, 11 мај 2019
Знаевте ли дека фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам чувствува ирационален страв од жаби? Или, пак, дека оскаровката Никол Кидман има фобија од пеперутки?
Фановите неретко им припишуваат карактеристики на суперхерои на своите идоли. Меѓутоа, дури и познатите глумци, пејачи и спортисти се само луѓе од крв и месо. Честопати имаме пишувано за нивните „изненадувачки“ и „чудни“ опсесии и фобии.
Една од нив е поврзана со стравот од одредено животно. Звучи иронично, но креаторот на анимираниот јунак Мики Маус, односно Волт Дизни, сето време се плашел баш од глувци. И тој не е единствениот на листата.
Ова се животните од кои панично се плашат славните личности: