Најдобриот љубовен совет што Дијана му го дала на принцот Вилијам во најтешкиот миг
- Детали
- понеделник, 01 април 2019
Принцот Вилијам уште како мал бил емотивен и сериозно размислувал за работите, па принцезата Дијана морала на многу внимателен начин да му ја соопшти веста за разводот со Чарлс.
Принцезата Дијана мина низ јавен болен развод со принцот Чарлс додека нивните две деца беа сè уште мали.
Постариот син принцот Вилијам особено беше засегнат од целата драма. Дијана призна дека отворено му кажала што се случува.
Таа притоа му го дала најубавиот љубовен совет.
Во интервју од 1995 година принцезата изјави:
„Појдов кај него во училиште и му кажав на Вилијам дека ако во животот пронајдеш некој што го сакаш, тогаш мораш да се држиш до тоа и ако си доволно среќен за да најдеш некој што го сакаш, тогаш мора да го заштитиш.
Вилијам ме праша што се случува и му кажав. Ме праша која е причината што се распаднал нашиот брак?
Јас му кажав дека сме тројца во овој брак, дека притисокот од медиумите е уште еден фактор и дека двете работи заедно се претешки за поднесување.
И дека иако сè уште го сакам неговиот татко, не можам повеќе да живеам под ист покрив со него.“
За жал, помалиот син, принцот Хари, за аферата открил преку телевизија, што било многу потешко, открива Дијана.
Но, и покрај стресната ситуација двајцата браќа секогаш говорат како нивната мајка била заштитнички поставена кон нив и дека многу им недостига.
Прочитајте и Го мразела училиштето, имала афера со телохранителот: 10 факти за принцезата Дијана!
С. С. | Црнобело