Од мини „принцеза“ до модерна тинејџерка - Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс низ годините (фото)
- Детали
- петок, 29 март 2019
Сури Круз е мета на медиумите уште од најмала возраст, но иако сите ја памтат како мало, слатко и разгалено девојче, таа веќе не е мала и порасна во модерна тинејџерка.
Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс отсекогаш била дел од светот на популарните деца на славните, а очигледно ќе продолжи така со оглед на тоа што прерасна во прекрасно девојче.
Уште од најмала возраст таа шеташе со нејзините родители облечена во мини штиклички и дотерана како за на бал, а денес, 12-годишната Сури, на чекор пред тинејџерските денови, продолжува со храбри модни избори.
Иако нејзините родители се разделени, таа уште е популарна во медиумите, посебно заради фактот што со нејзиниот татко не се гледа со години.
Тука прочитајте зошто Том Круз не се видел со Сури со години, иако смее да ја гледа 10 дена во месецот.
Според последните гласини кои се појавија во странските таблоиди, наводно Сури побегнала за да се види со татко ѝ по 6 години, бидејќи одлучила дека сака да помине повеќе време со него, велат изворите.
Независно дали овие гласини се точни, тоа не го менува фактот што Сури сама по себе го добива медиумското внимание заради нејзината промена во изгледот.
Од малечко девојче до модерна тинејџерка – како растеше таа низ годините?
М. М. | Црнобело