Tрикот со кој Кејт Мидлтон го уловила принцот Вилијам
- Детали
- среда, 27 март 2019
Дали можете да замислите дека мирната и фина војвотка некогаш била сериозно флертувачки настроена и точно знаела како да го добие тоа што го сака?
Кејт Мидлтон е идната кралица на Велика Британија, но тоа не значи дека нејзината улога дошла лесно.
37-годишната војвотка некогаш била жена настроена флертувачки за да го освои принцот Вилијам за време на една студентска забава.
Според книгата „Kate: The Future Queen“ кога Кејт започнала со студии требало да присуствува на студентска забава.
Една од соученичките на Кејт изјави: „Кејт и јас јадевме колачиња. Кејт никогаш не сакаше нешто посебно алкохол, не ѝ беше потребен за да ѝ ја поткрене самодовербата.
На забавата Вилијам беше нападнат од една девојка, од која не можеше да се ослободи. Беше културен и таа никако не се тргаше. Тогаш Кејт изведе еден од најстарите трикови на светот – одглуми дека му е девојка.
Одненадеж, таа му пријде одзади и ги стави рацете околу него. Тогаш тој сфати што прави и на девојката што му додеваше ѝ кажа: „Ох, извини, имам девојка“ и тогаш Кејт почна да се смее, а тој ѝ заблагодари за начинот на кој му помогнала да се ослободи од напорната додворувачка.
Не сакам да претерувам, но Кејт беше единствената девојка во собата која можеше да ги изведе тоа. И тоа само еден месец по започнувањето на студииите.“
Потоа сè е историја. Денес таа има 3 деца со Вилијам и е идна кралица.
Прочитајте и Зошто Кејт Мидлтон и принцот Вилијам раскинаа пред да се венчаат?
С. С. | Црнобело