Моќната порака што им ја испрати Барак Обама на Џеј Ло и Родригез за свршувачката
- Детали
- понеделник, 25 март 2019
Џенифер Лопез и Алекс Родригез се омилен пар на многумина затоа што велат дека сè што прават прават заедно и си се најголема поддршка еден на друг, па на нивната свршувачка се израдува и Барак Обама.
По две години состанување Џенифер Лопез и Алекс Родригез се свршија, а фан број 1 на парот е Барак Обама, поранешниот претседател на САД.
Кратко по објавувањето на веста за свршувачката тој им испрати честитка.
Обама напиша:
Џенифер и Алекс,
Мишел и јас сакаме да ви честитаме за свршувачката. По 26 години заедно, можеме да ви кажеме дека без разлика какви предизвици животот ќе ви донесе, споделувањето на нив со некого што го сакате прави сè да биде подобро.
Сè најдобро,
Барак Обама
Алекс Родригез ја сподели честитката на Инстаграм:
С. С. | Црнобело