„Сè што правиме, правиме заедно“ – Џеј Ло и Алекс на првата заедничка кампања по свршувачката
- Детали
- четврток, 21 март 2019
Џеј Ло конечно проговори за свршувачката со Алекс, откако тој ја изненади со 16-каратен дијамантски прстен, а веќе имаат и заедничка кампања за очила за сонце.
По фотката со огромниот дијамантски прстен и фотките од запросувањето на плажа на Бахамите, Џеј Ло конечно прогори за свршувачката со Алекс Родригез.
„Навистина сме среќни. Имаме почит за тоа кои сме и во тоа уживаме најмногу.“ – сподели пејачката и потврди дека работите ги прават како тим, а тоа го докажува и новата заедничка кампања за очила за сонце.
„Сè што правиме, правиме заедно. Тој ми ги знае соништата, јас ги знам неговите, и заедно чувствуваме дека сме посилни.“ – продолжува Џеј Ло.
Неколку недели по објавувањето на свршувачката, тие се враќаат на работните обврски, а првата од нив е заедничката кампања за очила за сонце за брендот Quay Australia.
Брендот има две колекции за очила инспирирани од згодниот пар - Quay x JLo и Quay x ARod.
https://www.instagram.com/p/BvPCI4egDXx/?utm_source=ig_embed
На фотките тие ги покажаа згодните тела и гламурозниот изглед:
М. М. | Црнобело