„Зошто ѝ го направи ова на другарка ти?“ - Емили Ратајковски мета на онлјан критики
- Детали
- четврток, 14 март 2019
Многумина ја сметаат за најубавата жена на светот, но ја осудија поради потегот со кој ја понижи другарка си.
Емили Ратајковски има повеќе од 22 милиони следбеници на Инстаграм и за многу мажи таа е најубавата жена на светот.
Супермоделот, познат по неверојатното тело, позираше легнат на плажа заедно со една своја пријателка. Двете беа облечени во бикини од колекцијата на Емили Inamorata.
Но, под фотографијата имаше низа критики за телото на другарката на Емили, но најмногу за потегот на Емили која на некој начин ја понижила и свесно ја направила мета на онлајн критики.
„Ти прикачи фотографија со која јасно сакаш да покажеш дека твоето тело е подобро од телото на твојата другарка“, гласи еден од коментарите.
На ова Емили одговори дека и таа и нејзината другарка мислат дека ова е слатка фотографија од нив и смета дека телото на другарка ѝ изгледа одлично. Напиша дека е горда што носат модели од нејзината колекција и порача дека различните тела се убави и сите треба да го сфатат тоа.
„Сите хејтери се луди... Само затоа што сте навикнати да гледате еден тип тело на интернет не значи дека тоа е единствениот тип на тело кое треба да се смета за „убаво“, порача Емили.
С. С. | Црнобело