Ѕвезди на кои славата им удри во глава: Бибер плукна фанови, Булок се дереше на маж во количка
- Детали
- недела, 10 февруари 2019
Обожавателите и oчевидците ги споделија најнепријатните искуства со славните личности. Некои од случките се благо речено шокантни.
Дел од познатите фаци се дрски и безобразни и пред воопшто да станат големи имиња во светот на светот на шоу бизнисoт. А, има и такви кои популарноста и парите комплетно ги менуваат.
Најдобри сведоци се нивните верни поддржувачи, кои сосема го промениле мислењето, па одлучија да го откријат вистинското лице на своите идоли.
Дали и вие ќе ги гледате со поинакви очи по она што ќе го прочитате? Ова се ѕвездите на кои славата им удри во глава:
Џастин Бибер
Кога една обожавателка пробала да направи селфи со пејачот, тој безобразно ѝ одговорил дека „му се лоши од нејзиниот недостаток на почитување“. Џастин Бибер се развика и на публиката на концерт во 2016 година, затоа што посетителите зборувале за време на настапот. А, врвот на дрскоста од страна на ѕвездата, претставува плукањето од балкон кон насобраните фанови под хотелската соба во Торонто, кадешто престојувал во 2013 година. Неговиот менаџер подоцна се обиде да го демантира срамниот инцидент.
Аријана Гранде
По победата на натпревар спонзориран од MTV, VH1 и Pepsi во 2013 година, Ден и неговите ќерки Џен и Кели, нестпрливи биле да се запознаат со популарната музичка ѕвезда. Таткото има пишувано за средбата и на личниот блог. После цел ден во исчекување, тие конечно се виделе со Аријана Гранде, која поминала само петнаесет секунди во нивно друштво. Направиле неколку фотографии, ама пејачката им наредила веднаш да бидат избришани.
Тоби Мегваер
Обожавателите во една пригода го изгласаа глумецот за најнедостапна ѕвезда за потпишување автограми во Холивуд. Велат дека е претерано заплеткан во сопствената егоистична мрежа, за да може да стапи во интеракција со фановите. А, чудните приказни кои кружат за него и го потврдуваат тоа. Моли Блум во своите мемоари го опиша бизарното искуство што го имала со Тоби Мегваер во 2014 година. Ѝ понудил чип за покер во вредност од 1000 долари, а во замена побарал од неа да лае како фока. Кога го одбила, продолжил да ја навредува: „Не се шегувам. Што не е во ред? Сега си премногу богата? Нема да лаеш за илјада долари?“.
Сандра Булок
Средовечна жена и нејзиниот сопруг, ветеран во инвалидска количка, се сретнале со оскаровката во Бостон, за време на снимањето на филмот „The Heat" во 2012 година. Знаеле дека глумицата е мошне зафатена, ама не очекувале дека Сандра Булок ќе се дере на нив и до толкава мера ќе се вознемири, само поради барањето за еден автограм.
Уште 4 на следната страна...
Би можело да ве интересира:





