Забрана за гледање во екрани, брендирани додатоци: Како Кајли Џенер ја одгледува Сторми?
- Детали
- среда, 30 јануари 2019
Сторми е едно од најпопуларните деца во светот на славните уште од денот кога се роди.
Таа уште нема наполнето 1 година, а веќе се има нашетано повеќе од некои возрасни луѓе.
Сторми постојано патува со приватен авион на настапите на нејзиниот татко, каде што има посебна просторија за време на настапот само за неа.
Кога станува збор за одгледувањето, Кајли следи многу правила уште од раѓањето на ќеркичката.
Па, по кои правила се води таа, што забранува, а со што ја разгалува Сторми?
1. Не дозволува Сторми да гледа телевизија или да си игра со други електронски уреди и да седи пред екран по цел ден.
2. На настапите на нејзиниот татко, зад сцената секогаш има посебна просторија уредена за Сторми.
3. Не дозволува Сторми да биде во близина на нечии други телефони, освен до нејзиниот.
4. Покрај неа постојано има тим од дадилки и асистенти кои ѝ помагаат во чувањето на ќерката.