Фотки од првиот роденден на Чикаго Вест со тема „Алиса во земјата на чудата“
- Детали
- среда, 30 јануари 2019
Пред десетина дена, Ким Кардашијан и Канје Вест организираа забава за првиот роденден на нивната ќеркичка Чикаго, а сега имаме можност да ѕирнеме како изгледала.
38-годишната мајка, организирала детска забава за Чикаго, со тема „Алиса во земјата на чудата“ во нивната палата во Калифорнија.
За првиот роденден, Чикаго била облечена во бело фустанче и на фотките изгледа преслатко, додека Ким била облечена во сребрен спортски тесен комплет.
Целата соба во која се одржувал роденден била декорирана со лажна трева, дрвца, цвеќиња, градина со лавиринт, детски столчиња и долги маси преполни со декорирани слатки работи, макарунс колачиња, крофни и торти, на кои родителите потрошиле цело богатство.
На забавата имало и многу детски работилници каде гостите може да си декорираат што сакаат, како и да си играат со преправените ликови.
https://www.instagram.com/p/Bs3CxL8BMhd/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again
На роденденот присуствуваа сестрите на Ким со нивните ќеркички и споделуваа фотки и видеа, а забавата не ја пропушти ниту нејзината пријателка Криси Тајген, со Џон Леџенд и двете деца.