Зошто кралското семејство потајно ја мрази Бакингемската палата?
- Детали
- среда, 30 јануари 2019
Кои се негативните страни на една од најубавите градби на светот, во која живее кралицата Елизабета?
Бакингемската палата е една од најпознатите градби на светот поради нејзината историја и гламур. Таа е атракција за туристите, но и дом на многу членови од британското кралско семејство.
Има 775 соби и најголема приватна градина во Лондон.
Во неа живее кралицата Елизабета со принцот Филип, и иако има и други замоци, палати и кралски имоти каде оди понекогаш, Бакингемската палата си ја нарекува дом.
Многу луѓе може само да сонуваат за живот на ваков раскошен имот, кој датира од раните 1700-ти. Таму живеела и кралицата Викторија.
Однадвор скапиот имот изгледа како од бајките. Дури и фотографиите од внатрешноста покажуваат кралски шарм, позлатени детали и раскошни лустери.
Но, тоа не ја прави прекрасен дом, ниту совршено безбедна за живеење. Пред само неколку години започна отстранувањето на азбестот, процес кој може да трае цела деценија, па и повеќе. Исто така, има ризик од паѓање на фасадата во одредени делови, па мора да се направи реновирање за палатата да биде побезбедна за живот.
Во моментов во тек е реконструкција која е предвидено дека ќе чини 480 милиони долари, а во 2025 година кралицата доколку би била жива би морала да се исели од нејзиниот апартман во палатата за да се изврши реновирање.
Принцот Чарлс ја нарекува Бакингемската палата голема куќа, но вели дека таа не може да служи комплетно функционално како дом во модерното време.
Во иднина палата најверојатно повеќе ќе биде музеј, отколку дом. Се споменува опција таа во иднина да се користи само за официјални пригоди.
С. С. | Црнобело