Дали на Меган Маркл ѝ заврши фазата на „меден месец“?
- Детали
- понеделник, 21 јануари 2019
Нејзината дрскост во односот кон Кејт Мидлтон, како и во односот кон луѓето од персоналот прават за името на Меган Маркл да се лепат мрачни епитети.
Меган Маркл како ураган ги зафати медиумите. Сите беа воодушевени од нетипичната љубовна приказна на Меган и принцот Хари, од нејзината самодоверба пред камерите и храброста да ги прекршува кралските правила.
Но, дали фазата на меден месец ѝ заврши? Сè почесто разни извори тврдат дека повеќе не цветаат рози за Војвотката од Сасекс.
Нејзината огромна популарност не сопира, таа постојано е дел од хуманитарни настани и разни други кралски должности и освојува со широката насмевка и едноставниот пристап кон обврските, но некои работи се менуваат за неа. Британските медиуми сè почесто ги критикуваат нејзините манири, одлуки и стил на работа.
На нејзината репутација негативно делуваше и веста за нејзината нетрпеливост кон Кејт Мидлтон, како и влијанието врз тоа принцот Хари и принцот Вилијам да се дистанцираат еден од друг. Меган и Хари одлучија да живеат на страна од кралската палата.
Медиумите веќе имаат и прекари за војвотките и тоа „злобната“ Меган, наспроти „чувствителната“ Кејт.
Темнокожата разведена Меган потсетува дека клучната улога на кралското семејство е да приредува ријалити шоу за широките народни маси.
Секоја седмица излегуваат приказни дека Меган се однесува како вистинска дива и е екстремно тешка за соработка, па многу луѓе од персоналот околу неа даваат отказ затоа што не можат да се справат со нејзините преголеми барања. Некои од нив работеле и по повеќе од 15 години за кралското семејство, но токму кога Меган настапи на сцена одлучија да се повлечат од „лични причини“.
Но, со оглед на тоа што првото бебе на Меган и Хари пристигнува на пролет, таа останува во фокусот на медиумите.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





