По 15 години молк, мajката на Кејт Мидлтон го даде првото интервју - како е да имаш зет принц?
- Детали
- понеделник, 03 декември 2018
Мајката на Кејт и Пипа Мидлтон го даде првото интервју и проговори за тоа колку се менува животот ако ќерката ви е омажена во кралското семејство.
Интервјуто на- 63 годишната Керол Мидлтон е објавено во магазинот „The Telegraph“.
„Најголемиот страв ми беше дека моите деца ќе пораснат и ќе го изгубам своето семејство, но, за среќа, останавме блиски. Имам двајца прекрасни зетови и се надевам дека ќе имам и прекрасна снаа“, изјави Керол, која покрај Кејт и Пипа го има и синот Џејмс, кој не е оженет.
Таа исто така откри дека имала голема улога во планирањето на свадбата на Кејт и заедно зборувале за изборот на музиката, но и за низа други детали.
За промените по свадбата на нејзината ќерка Кејт со принцот Вилијам, Керол вели:
„Имам две други деца и внучиња и мојата работа и животот ми се врти околу местото на кое бев и луѓето кои ги знаев и пред Кејт да стане дел од кралското семејство.“
Керол заедно со нејзиниот сопруг Мајкл Мидлтон (69) го водат мултимилионскиот бизнис „Party Pieces“, кој го стартуваа во 1987 година. Тие продаваат и по 7.000 предмети за забави годишно.
Родителите на Кејт Мидлтон:
Прочитајте и Љубовни турбуленции, бизнис проблеми: Што прави братот на Кејт и Пипа Мидлтон?
С. С. | Црнобело