Љубовни турбуленции, бизнис проблеми: Што прави братот на Кејт и Пипа Мидлтон?
- Детали
- вторник, 20 февруари 2018
Деновиве 30-годишниот Џејмс Мидлтон е актуелен во медиумите откако протече информацијата за крајот на неговата 5-годишна романса со водителката, пејачка и актерка Дона Ер.
Откако Кејт Милдтон стана Војвотката од Кембриџ во 2011 година, нејзиното семејство е под лупата на јавноста.
Но, додека за Пипа Мидлтон знаеме многу, за помалиот брат на Пипа и Кејт отсекогаш дозата на информации беше поскромна, а Кејт речиси и не ја гледавме на заеднички фотографии со него.
Деновиве медиумите пишуваат за Џејмс Мидлтон (30) односно за неговата разделба со водителката, пејачка и актерка Дона Ер (38). Заедно биле 5 години и имале турбулентна врска со многу разделби и смирувања.
Но, парот откри дека кон крајот на минатата година одлучиле да стават крај на 5-годишната романса, бидејќи и на двајцата им бил потребен нов почеток.
Извор близок до парот вели дека Дона му била безрезервна поддршка на Џејмс и очекувала дури и брак со него, но тој во ниту еден момент не почувствувал потреба да ја официјализира врската.
Парот се запознал во Лондон во 2011 година. Дона ја има 14-годишната ќерка Фреја од првиот брак.
Џејмс сè уште не ја пронашол совршената кариера за себе, но од банкарска работа до отворање на сопствена компанија за планирање на забави, неговата палета на интереси е огромна. За жал, голем дел од неговите бизнис потези завршуваат неславно со големи загуби.
Џејмс студирал на Универзитетот во Единбург во 2006 година, но потоа се отпишал. Тој јавно проговори за неговиот проблем со дислексијата.
Како изгледа братот на Кејт и Пипа Мидлтон:
С. С. | Црнобело