Банана се јаде со нож и виљушка: Како се консумира овошјето на кралските настани?
- Детали
- недела, 25 ноември 2018
Како јадете овошје? Лупите банана и загризувате? Директно го гризете јаболкото? Е па кралското семејство го прави тоа поинаку.
Кралското семејство, во манир на вистинска аристократија, за десерт секогаш јадат само овошје и тоа секогаш со прибор за јадење.
Интересните навики ги откри горвачот Дарен Мекгрејди, кој бил главен готвач во Бакингемската палата од 1982 до 1993 година, за магазинот „Today Food“.
Па така, на формални настани како десерт секогаш се служи свежо овошје и истото се јаде со прибор, по точно одреден принцип.
На бананите им се отсекуваат двата краја, потоа лушпата се сече по должина и се отвора (слично како риба), а јадливиот дел се сече на тркалца и се јаде со виљушка.
Необичен е и начинот на јадење круши. Најпрво строго контролирано се избираат зрелите круши, им се отсекува тесниот дел и остатокот се јаде со десертна лажичка, како меко сварено јајце.
Лук смеат да јадат само во денови кога немаат официјални настани, скробната храна како тестенини и компири е забранета, а се избегнуваат и морски плодови.
Најчесто на менито се разни комбинации на риба и зеленчук, а најчест десерт во домашни услови е обична чоколадна сунѓереста торта со глазура.
Е. Д. | Црнобело