Стен Ли во 1963 година добил писмо од 15-годишно момче, денес познатиот Џорџ Р. Р. Мартин
- Детали
- среда, 14 ноември 2018
Познатиот автор на „Игра на тронови“, Џорџ Рејмонд Ричард Мартин отсекогаш имал афинитети кон пишувањето и фантазијата.
Поради тоа не е ни чудно што во 1963 година, кога имал само 15 години, тој ги обожавал стриповите на Марвел, особено „Фантастичната четворка“. Затоа и испратил писмо до креаторите на Марвел-универзумот, Стен Ли и Џек Кирби (кој подоцна се одделил од Ли).
„Драги Стен и Џек,
Фантастичната четворка #17 беше подобра од најдоброто. Дури и во моментов јас седам воодушевен, пробувајќи да го направам невозможното - да го опишам.
Беше апсолутно исклучителен. Не можам да си објаснам како имаше толку акција во неколку страници.
Ќе живее засекогаш како еден од најдобрите стрипови за 'Фантастичната четворка', но и како еден од најдобрите стрипови над сите стрипови.“
Во продолжението на писмото 15-годишниот Џорџ продолжува да го искажува своето воодушевување од брилијантната работа на Ли и Кирби, велејќи им дека дури и ако биле добри половина од тоа што се, повторно ќе биле најдобри во својата работа.
Во ова писмо е очигледно дека Џорџ има талент за пишување, но и дека умее да се внесе во светот на фантазијата, па дури и целосно да се соживее.
Тоа се докажа неколку децении подоцна, откако ги напиша легендарните книги „Песна за мразот и огнот“, кои каналот HBO ги адаптираше во мегауспешната серија „Игра на тронови“.
Е. Д. | Црнобело