Ѕвезди кои имаат посвоено дечиња
- Детали
- вторник, 13 ноември 2018
Се шпекулира дека Ким и Канје се одлучиле за четврто дете, и тоа по пат на посвојување. Но, ова не е ништо ново во Холивуд и во светот на славните.
Очигледно семејството Вест сака да биде новото Пит-Џоли, а посвојувањето на детенце од Ерменија е првиот чекор кон таа цел.
Голем број на ѕвезди досега отворено имаат зборувано за своите посвоени дечиња, од различни причини.
Ова е листата на имиња во шоу бизнисот на кои им симнуваме капа затоа што решиле да станат родители на дечиња родени во помалку среќни услови:
Кристин Дејвис
Посвои девојче во 2011-та година и ќеркичката ја расте како самохрана мајка.
Том Круз и Никол Кидман
Ги посвоија Изабела (родена 1992-ра година) и Конор (роден 1995-та) година.
Дениз Ричардс
Иако имаше две дечиња од бракот со Чарли Шин, по разводот реши да посвои девојче кое ќе го расте како самохрана мајка.
Хју Џекман
Откако неговата сопруга преживеала два спонтани абортуси, парот решил да посвои две дечиња.
Мадона
Има две биолошки деца од бившите сопрузи, но подоцна посвои две дечиња од Малави.
Мег Рајан
Второто дете на Мег Рајан е посвоено. Девојчето од Кина било посвоено на 14-месечна возраст.
Сандра Булок
Истиот ден кога го прогласи разводот од сопругот, објави и дека планира да посвои. Синчето го посвоила во јануари 2010-та, но до март истата година го чуваше подалеку од очите на јавноста.
Шарлиз Терон
Во 2012-та година судијата на случајот за посвојување ги откри сите детали за процесот (и подоцна западна во неволја за тоа), па така светот дозна дека Шарлиз Терон има посвоено синче.
М. Д. | Црнобело