Spice Girls се обединуваат за турнеја во 2019-та - Викторија Бекам се откажа, но сепак ќе заработи милиони
- Детали
- вторник, 06 ноември 2018
Spice Girls со разиграно видео во нивен стил најавија дека во 2019-та ќе се обединат на сцената и ќе приредат шоу низ разни градови во Обединетото Кралство. Сепак, Викторија Бекам се откажа од овој музички сон.
Мел Би, Ема, Гери и Мел Си најавија дека се подготвени да настапат на сцената на први јуни 2019-та, 7 години по последниот заеднички настап во 2012-та година.
Интересно е што иако Викторија нема да стапне на сцената, и таа ќе заработи неколку милиони од ова обединување, бидејќи има „посебен договор“ со девојките.
Се очекува четирите девојки кои се враќаат на сцената да заработат по 10 милиони фунти секоја, а некои дури и ги обвинија дека ова го прават само затоа што се „шворц.“
Најавата која ги израдува сите деца кои растеа со нивната музика во '90-тите изгледаше вака:
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





