Босоногата Џенет Џексон испрати моќна порака на MTV EMA (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 05 ноември 2018
Музичката икона доби награда за својот придонес на поле музика, но таа отворено проговори дека била злоупотребувана и им даде поддршка на сите жени кои се во иста ситуација.
Европските MTV награди се случија ноќеска во Билбао, Шпанија, и на нив присуствуваше и 52-годишната музичка икона Џенет Џексон.
Суперѕвездата босонога имаше енергична изведба, но уште повеќе впечаток остави нејзиниот говор за жените во склоп на движењето #MeToo. Инаку, Џенет ја доби наградата „Global Icon Award“ за нејзиниот огромен придонес во музиката.
„Ве сакам многу. Ја прифаќам наградава со бескрајна благодарност и да ве нарекуваат икона е огромна чест, која носи и огромна одговорност.
Вечерва сакам да говорам за жените чии гласови се задушени.
Јас сум една од тие жени. Жени кои биле потиснати буквално и емоционално, жени кои биле злоупотребени, кои биле заплашувани, кои живееле во страв. Стојам со вас – вие сте мои сестри.
Вечерва ја носам надежта дека доаѓа нов свет, свет со луѓе кои се грижат за другите, како мажите, така и жените, и повеќе нема да толерираме полова нееднаквост.
Жени, нашите гласови ќе бидат слушани кога зборуваме за правда. Зборувајте за да ги надминеме сите граници и да ја потврдиме убавината на сите вери. Зборувајте за хуманите дела, мали и големи.
Зборувајте за прегрнување на љубовта, затоа што љубовта ги лечи нашите рани, па да го подигнеме гласот и да започнеме денес и љубовта кон Бога нека не води на патот.“
Потоа, Џенет ја посвети наградата на нејзиниот мал син Еиса.
Инаку, досега оваа значајна награда ја имаат добиено Витни Хјустон, Еминем, Џон Бон Џови, Queen и U2.
Говорот на Џенет:
С. С. | Црнобело