Зошто Камила го носи брошот на принцезата Дијана, кој бил свадбен подарок од кралицата?
- Детали
- среда, 31 октомври 2018
21 година по трагичната смрт на принцезата Дијана, речиси и да не помине ден без нејзиното име да биде спомнато во јавноста.
Принцезата Дијана до ден денес е поврзувана со модата поради истенчениот и по малку храбар вкус за облека во времето кога беше дел од кралското семејство, па секоја нејзина комбинација е посебна приказна.
Дел од нејзиниот накит остана во наследство на двајцата синови и нивните сопруги, а изгледа дел наследила Камила.
Она што Камила често го носи на себе, а го привлече вниманието на јавноста, е брошот со смарагд и дијаманти, кој во повеќе прилики Дијана го има носено како огрлица.
Бизарен момент е и фактот дека брошот е наследство од кралицата Елизабета, односно принцот Чарлс ѝ го подарил на Дијана како свадбен подарок, кога станала дел од кралското семејство.
М. Д. | Црнобело