Заробен во стан цел месец, пирсеви на брадавиците: Најлудите работи што ги направиле актерите за улогите
- Детали
- понеделник, 15 октомври 2018
Ен Хатавеј ослабела 11 килограми за улога. Леонардо ди Каприо снимал додека му течело крв од раката.
Многу актери прават екстремни работи во име на најдобро доловување на филмските улоги. Особено инспиративно им е што ваквите работи може да им донесат Оскар.
Актери кои би сториле сè во име на улогата:
Џаред Лето носел леќи од кои не гледал ништо
За снимањето на последниот „Blade Runner“ Џаред Лето носел специјални леќи за очите да му изгледаат на специфичен начин, кои му го блокирале видот.
Леонардо ди Каприо си ја пресекол раката и продолжил со снимање.
За време на снимањето на „Django Unchained“ Лонардо удрил силно по масата, се скршиле чаши и се тој се пресекол, но наместо да сопре со снимањето поради повредата издржал до крај додека крв течело од неговата рака.
Ен Хатавеј ослабела 11 килограми за улога.
Актерката била на строга диета за улогата во „Les Misérables“. Таа исто така си ја потстрижа и косата, но посветеноста ѝ се исплатеше и доби Оскар за улогата.
Хит Леџер се затворил сам во својот стан цел месец.
За оскаровската улога во „The Dark Knight“ актерот се доведе себеси речиси до лудило.
Пред да започне снимањето тој се затворил еден месец во својот стан и спиел по само 2 часа на ден во првата седмица од снимањето на филмот затоа што не можел да престане да мисли на ликот „The Joker“. Не комуницирал со луѓе што не му се обраќале во духот на улогата и ги преплашил сите со однесувањето.
Се смета дека прекумерната посветеност на оваа улога довела до прераната смрт на Леџер со предозирање, пред филмот да биде објавен. За својата изведба доби Оскар постхумно.
Мишел Вилијамс си врзувала ремен околу колената за да се движи како Мерилин Монро.
Вилијамс слушала интервјуа со Мерилин Монро со месеци пред снимањето на филмот, а врзувала и ремен на колената за да го долови одот на легендата за во филмот „My Week With Marilyn“.
Кејт Винслет зборувала со германски акцент дома.
За време на снимањето на „The Reader“ Кејт толку го присвоила германскиот акцент што дури зборувала така со своите деца дома.
Руни Мара си ставила пирсеви на брадавиците.
Актерката си ја потстрижа косата, ја бојадиса црна, ги избели веѓите и си стави пирсеви на брадавиците на градите за улогата во „The Girl with the Dragon Tattoo“. Таа откри дека дури и модниот стил и се променил по снимањето на овој филм.
Прочитајте и Мрзнење на -25 °C, јадење суров црн дроб од бизон: Најстрашните искуства на актерите на снимањата!
С. С. | Црнобело