Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ѕвездата на „This Is Us“ признава: Ми беа потребни 38 години за да облечам костим за капење

Актерката Криси Мец, исто како и ликот кој го глуми во „This Is Us“, често имала проблеми со самодовербата поради физичкиот изглед.

dzvezdata-na-this-is-us-priznava-mi-bea-potrebni-38-godini-za-da-oblecham-kostim-za-kapenje-01.jpg

И во приватниот живот Криси се бори со здравствени проблеми и прекумерна тежина. Oткако се појави во улогата на Кејт во „This Is Us“, стана симбол на позитивното размислување за сопственото тело. Но, не било така отсекогаш.

Кога била помлада, но и пред големиот успех на серијата, Криси постојано носела широки маици кога одела на плажа или на базен. Но, во последното интервју за магазинот „Гламур“, признала дека донела храбра одлука:

„Ќе најдам костим за капење кој ми се допаѓа и ќе го носам.“

dzvezdata-na-this-is-us-priznava-mi-bea-potrebni-38-godini-za-da-oblecham-kostim-za-kapenje-02.jpg

На одморот во јуни, таа го направила токму тоа. Криси заминала на одмор во Барбадос, во еден од луксузните ресорти и самоуверено успеала да го носи црниот костим за капење.

Фотографии од својот одмор објавувала на профилот на Инстаграм. Многу од пријателите и фановите ја поддржале во нејзината одлука да се ослободи од несигурностите, но имало и коментари од личности кои не ја сфатиле добро поентата.

Сепак, облекувањето костим за капење бил еден чекор во животот на Криси кој таа долго време го одложувала и се плашела да го направи.

Во „This Is Us“ и Кејт, ликот на Мец, се бори со вишокот килограми, но актерката е среќна што тоа не е фокусот, туку и останатите проблеми.

dzvezdata-na-this-is-us-priznava-mi-bea-potrebni-38-godini-za-da-oblecham-kostim-za-kapenje-03.jpg

„Луѓето кои никогаш не страдале од прекумерна тежина мислат дека само седиш во еден агол и јадеш. Јас се трудам да ги откријам реалните проблеми, затоа што храната е симптом, а не проблем. Секој пополнува некоја празнина со нешто.“

Она што уште ја изненадува е зачуденоста на одредени луѓе, кои не можат да сфатат како личност со вишок килограми добила шанса да се појави на телевизија. Но, на тоа одговара со:

„Навистина? Зарем? Па има многу други работи за кои вреди да се зборува, наместо тоа.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Мозочен удар, финансиски проблеми: Трагедиите што ги следат актерите од Beverly Hills Тори Спелинг има сериозни финансиски проблеми, Лук Пери почина од мозочен удар н...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg