Нервен слом на 22, посттрауматски стрес сега - Кира Најтли ја открива мрачната страна на славата
- Детали
- петок, 05 октомври 2018
Една од најдобрите холивудски актерки отворено проговори за проблемите со менталното здравје и паничните напади.
Кира Најтли (33) е една од најнаградуваните холивудски актерки, која стана славна уште како мала. Сега таа проговори за мрачната страна на славата и откри дека на 22 години имала нервен слом, се борела за да излезе од дома во тој период, а сега пати од посттрауматски стрес.
Кира вели дека уште во тинејџерските години го прилагодувала својот живот според папараците. Била болно свесна колку многу тие ќе бидат платени ако донесат фотографии од женска ѕвезда или нејзините сакани како реагираат негативно на константното присуство на папраците и прават сцена.
Знаела дека само чекаат да направат фотографии од жена што се распаѓа и затоа излегувањето од дома секој ден ѝ било огромна битка.
Доживеала нервен слом на 22 години, страдала од панични напади, а ѝ е дијагностициран и постттрауматски стрес, поради борбата со славата од толку мала возраст.
Пред појавување на некои доделувања од награди таа одела на разни терапии за релаксација за да се осигура дека нема да доживее паничен напад на сцената. Терапевтот ѝ рекол дека кај него доаѓаат многу луѓе кои се во заблуда дека некој ги следи, но таа не, таа имала проблем затоа што навистина била следена од папараците – секогаш и секаде.
Инаку, Кира го привлече вниманието на јавноста за првпат во 2002 година со филмот „Bend It Like Beckham“, кога имаше само 17 години. Оттогаш се редеа низа успешни улоги, а последно од неа е филмскиот проект „Colette“.
С. С. | Црнобело