Единствениот бивши партнер на Кејт Мидлтон на кој принцот Вилијам е љубоморен
- Детали
- петок, 05 октомври 2018
Со оглед на тоа што Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не ја кријат паузата која ја направија додека беа во врска, тоа е доволна причина за жолтиот печат да откопа сочни детали од тој нивен период во животот.
Во март 2007-ма година Кејт Мидлтон остана сингл на 25 години, па заедно со нејзината мајка побегна во Ирска, додека вестите за раскинувањето се ширеа по сите светски медиуми.
Во рок од тие три месеци, пред повторно да се смири со принцот Вилијам во јуни 2007-ма, Кејт имала кратка романса со Хенри Ропнер.
Веста за нивното дружење беше поткрепено и со фотки, а најинтересната информација која ги заскокотка медиумите е дека Хенри учел на истиот колеџ со принцот Вилијам.
Медиумите тврдеа дека изборот на Кејт не е случаен.
М. Д. | Црнобело