Кејт Мидлтон на првиот работен ден по породилното - најкул мајка со чизми стари 14 години
- Детали
- среда, 03 октомври 2018
По раѓањето на принцот Луи, Кејт Мидлтон брзо се врати во форма и сега е подготвена за претстојните кралски обврски.
Кејт Мидлтон се врати на работните кралски обврски по породилното отсуство. Таа во нејзин стил приреди моден погодок. Овој пат се појави во лежерно издание во веќе видени парчиња облека.
Чизмите од Penelope Chilvers ги има носено во повеќе пригоди до сега, а речиси комплетно сличен стајлинг носеше за посетата на една фарма во 2017 година. Инаку чизмите ги поседува од 2004 година.
Омилените чизми на Кејт низ годините
Со карирана кошула, џемпер и јакна Кејт изгледаше како најкул мајка при посетата на центарот „Sayers Croft Forest School“, кој им дозволува на децата од урбаните средини да се поврзат со природата.
Модниот погодок на Кејт:
С. С. | Црнобело