Меган Маркл го покажа спортскиот дух додека играше со топка во штикли (фото+видео)
- Детали
- вторник, 25 септември 2018
Хари и Меган присуствуваа на прославата за достигнувањата на студентите од Coach Core програмата, која им помага на младите да изградат спортска кариера како тренери.
За настанот, Меган беше облечена во кралско син горен дел на Oscar de la Renta, во комбинација со црни панталони и чевли, а Хари во одело и светла кошула.
Пред доделувањето на наградите, кралскиот пар се собра со студентите од програмата во сала и ги покажаа своите спортски способности и натпреварувачки дух.
Она што секако на сите им падна во очи е тоа како војвотката од Сасекс фрла топка и игра во штикли, а фотките и видеата се проширија насекаде.
It’s Team Duke vs. Team Duchess as they join @WeAreCoachCoreUK apprentices for a netball shootout 🏀. pic.twitter.com/qFhzL2W3ac
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) September 24, 2018
And Meghan throws a ball in heels! @WeAreCoachCore pic.twitter.com/LASnZK5hZJ
-->— Rebecca English (@RE_DailyMail) September 24, 2018
Секако, како и секаде каде што ќе се појават, Меган и Хари оставија впечаток на заљубен пар, кој знае како да се забавува и да извршува кралски должности истовремено.
Погледнете ги фотките од настанот:
М. М. | Црнобело