Какви обврски ја чекаат Кејт Мидлтон по породилното отсуство?
- Детали
- понеделник, 17 септември 2018
Кејт Мидлтон наскоро се враќа од породилното отсуство, по раѓањето на принцот Луи на 23 април. Оттогаш до денес, нејзините јавни обврски се сведени на минимум.
Со почетокот на породилното отсуство, Кејт беше повеќе посветена на семејството и семејните настани, односно свадбата на принцот Хари и подготовките на принцот Џорџ за во училиште. Во меѓувреме, таа во јавност беше видена заедно со Меган во Вимблдон во јули и истиот месец на церемонијата на кралските воени сили.
Кенсингтонската палата уште го нема потврдено датумот, но со оглед на тоа што породилното отсуство трае шест месеци, Кејт се враќа на кралските обврски во текот на октомври.
Што ќе прави војвотката од Кембриџ потоа?
Според британските таблоиди, таа ќе се посвети на добротворните акции, особено на подигнување на свесноста за менталните болести. Кејт и претходно беше ангажирана за подобрување на работните услови на лицата кои страдаат од ментални нарушувања.
Исто така, војвотката од Кембриџ ќе се вклучи во групи за поддршка на зависници, но и во програми за помош на децата, за развој на спортот и уметноста, како и одржување на кралската фондација.
Она што останува како нејзина кралска обврска е присутноста на колку што може повеќе значајни собири на кралското семејство, со најразлични намени.
Е. Д. | Црнобело