Како принцот Чарлс ѝ го скрши срцето на Дијана веднаш по раѓањето на Хари?
- Детали
- петок, 14 септември 2018
Неговиот наводно шеговит коментар бил почетокот на крајот на нивниот брак.
Пред да се разведат принцезата Дијана и принцот Чарлс работите изгледаа сјајно во нивниот брак во очите на јавноста. Но, зад затворени врати ситуацијата била сосема поинаква уште од самиот почеток на бракот.
Наводно принцот Чарлс многу сакал да има ќерка, па бидејќи бил „очаен“ по женско потомство затоа и разликата во години помеѓу принцот Вилијам и принцот Хари е толку мала.
Кога забременила по вторпат Дијана го дознала полот на бебето, но не му кажала на Чарлс дека ќе добијат момче. Штом се родил Хари, реакцијата на Чарлс ѝ го скршила срцето на Дијана.
Во документарниот филм посветен на нејзиниот живот Дијана изјави: „Новороденчето беше момче. Првиот коментар на Чарлс беше „Ох Господе, момче е. Неговиот втор коментар беше: „Па уште има и црвена коса.“
Наводно Чарлс се шегувал, но Дијана била повредена и ова бил уште еден клучен момент за оладување на односите на кралскиот пар.
Дијана изјави дека по овие зборови од Чарлс нешто во неа како да се затворило и оттогаш нивниот брак почнал да пропаѓа комплетно.
С. С. | Црнобело